Background

Бројот на загинатите во поплавите во Непал се искачи на 1.252, додека 4.875 лица и натаму се водат како исчезнати

Бројот на загинатите во поплавите во Непал се искачи на 1.252, додека 4.875 лица и натаму се водат како исчезнати, соопшти непалската полиција. Министерството за надворешни работи на Непал информира дека досега се спасени 324 странски државјани, додека околу 590 лица од 39 земји сè уште се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи користат хеликоптери и други летала за да стигнат до отсечените заедници во областите каде што надојдените води и свлечиштата ги уништиле патиштата и мостовите. Потрагата по исчезнатите продолжува, а екипите за итни интервенции се обидуваат да допрат до најпогодените подрачја.

Катастрофата започна на 26 август, кога високо на Хималаите се урна глечер, што предизвика свлечишта и разорни поплави. Бројни населени места останаа отсечени од остатокот од земјата откако поројните води и свлечиштата уништија клучна патна инфраструктура, дополнително отежнувајќи ги спасувачките операции.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавуваат нови застрашувачки снимка од катастрофалните поплави кои збришаа цели населби. На едно видео се гледа двокатна куќа, целосно опкружена од голема маса брза вода, со кал и отпадоци, а на една од терасите се гледаат луѓе кои нема каде да побегнат. Во еден момент се чини дека куќата нема да може да го издржи огромниот притисок.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation