Туристи кои летуваат во Неа Каликратија, Грција, деновиве масовно се жалат на непријатно чешање и печење на кожата за време и по капењето во морето.
Слични реакции биле пријавени и на неколку околни плажи, поради што меѓу туристите се појавиле прашања што се случува со морето и што го предизвикува непријатното чувство.
Една туристка во групата на Фејсбук „Live from Greece“ напишала дека веќе два дена капачите на градската плажа во Неа Каликратија чувствуваат чешање по телото додека се во вода.
– Веќе два дена на градската плажа во Неа Каликратија нешто се случува со морето. Додека сме уште во вода, чувствуваме некое чешање по телото. Нема никакви осипи или плускавци, но денес е уште полошо – напишала таа.
Таа додала дека сè повеќе туристи се жалат на истиот проблем и прашала дали некој слушнал за евентуално истекување на некаква материја во морето.
Некои капачи се сомневаат дека причина би можеле да бидат таканаречените „бебиња медузи“, односно ситни морски организми кои можат да предизвикаат иритација на кожата.
Сепак, засега нема потврда дека токму тие се причината за непријатностите.
– И ние во Каликратија го имаме истиот проблем. Децата веќе втор ден не се капат и сите се жалат на печење по телото – напишала една корисничка.
Друг турист навел дека слична појава почувствувале и во Платамона.
– Исто го почувствувавме пред една недела. Мали желатинести топчиња и благо чувство на печење. Безопасно е, но не беше пријатно – напишал тој.
Засега, информациите за чешањето и печењето се главно сведоштва на туристи од социјалните мрежи. Нема официјална потврда дека морето е загадено, ниту дека симптомите се предизвикани од конкретен организам или супстанција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
