Електронските цигари во јавната дебата често се претставуваат како можен пат кон традиционалните цигари, но научните сознанија даваат сосема поинаква перспектива: на возрасните пушачи, електронските цигари можат да им помогнат да се откажат од цигарите. Ова го потврди и Кокрејн, една од најпознатите независни мрежи за систематско анализирање на медицински докази, која спроведе сериозна научна анализа по ова прашање. Во својот најнов преглед на електронските цигари и откажувањето од пушење, Кокрејн анализираше 80 завршени студии во кои учествуваа над 30.000 лица.
Заклучокот од обемната анализа е јасен: електронските цигари со никотин се поефикасни при откажувањето од цигарите, отколку традиционалните методи како што се никотински фластери, мастики и центри за советување. Анализата покажа дека со користењето на електронски цигари, стапката на успех при одвикнување се зголемува за околу 60 отсто, односно секој шести од 100 пушачи успеал да се откаже.
Овој резултат покажува важна патека на користење од традиционалните цигари кон електронски, со крајна цел – откажување од пушење. Сепак, тоа не значи дека електронските цигари се без ризик или дека треба да ги користат непушачи. Напротив, анализата на Кокрејн нагласува дека се потребни подолгорочни истражувања за целосно да се проценат здравствените ефекти, особено кај поновите уреди. Но, не открива докази за сериозна краткорочна штета од електронски цигари во испитувањата кои беа предмет на анализа.
Науката дава позитивен сигнал дека за возрасен човек кој веќе пуши, електронската цигара може да биде алатка што ќе му помогне да се откаже од традиционалните цигари. Но и дека на електронските цигари не може да се гледа како нешто што отвора пат кон пушење. Ова е особено значајно кога се зборува за младите. Тука е важно да се избегне генерализација: не секој млад човек кој пробал електронска цигара станува пушач, како што ниту секој возрасен корисник на електронска цигара дошол до неа без претходно да пуши. Заштитата на малолетниците од тутунски и никотински производи е јасна и оправдана цел на секоја регулаторна политика. Малолетните лица и непушачите не треба да започнуваат да користат никотински производи, а продажбата на овие производи на лица под законската возраст треба да биде строго контролирана и санкционирана.
Но, ова прашање не треба да се решава со ограничување на пристапот за сите корисници. Кај малолетниците, главната цел е превенцијата, односно никако да не започнат. Кај возрасниот пушач, кој користи традиционални цигари и не сака да се откаже, прашањето е поинакво: како да му се помогне да се намали неговата изложеност на најштетните последици од пушењето?
Овие две политики не се спротивставени. Можно е да постојат строги правила за возраста, проверка на идентитетот, продажбата, маркетингот и достапноста на производите за малолетници, а истовремено возрасните пушачи да имаат пристап до регулирани алтернативи и точни информации за нивните разлики. Токму тоа е суштината на пристапот на намалување на штетата: не да се прогласат никотинските производи за безопасни, туку да се препознае разликата меѓу ризиците и да им се овозможи на возрасните пушачи да донесат информирана одлука.
Најдобрата опција секогаш останува целосно откажување. Но, додека милиони луѓе во светот продолжуваат да пушат, јавните политики мора да се занимаваат и со реалноста на оние кои не успеваат или не сакаат да престанат. Кај младите, тоа е превенција и строга регулација. Кај возрасните пушачи, пак, постои и друга можност која не треба да се занемари: преминот од традиционална цигара кон помалку штетна алтернатива.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
