Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека наводно била оштетена и отстранета официјалната табла на Амбасадата на Македонија во Софија.
Од МНРиНТ велат дека станува збор за неточна информација, а таблата што била отстранета не била официјалната табла на Амбасадата.
„Од страна на вработените во Амбасадата е отстранета таблата поставена надвор од објектот на Амбасадата, која не била изработена согласно со воспоставените стандарди на Министерството“, соопшти Министерството.
Оттаму појаснуваат дека официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и целосно се во функција.
Реакцијата следува откако на социјалните мрежи беше објавена информација дека наводно била оштетена или отстранета официјалната табла на македонската дипломатско-конзуларна мисија во Софија, по што информацијата беше пренесена и од дел од медиумите.
Од Министерството апелираат информациите поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување.
„Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста“, наведуваат од МНРиНТ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
