Background

Рударството и натаму со негативен раст

Индустриското производство во јули забележа раст од 1,3% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, преработувачката индустрија забележала раст од 3,4%, додека опаѓање на производството е забележано во секторот „рударство и вадење камен“ од 5,9% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање“ од 19,5 %.

Во период од една година пораснало производството на пијалаци 14,1%, тутунски производи од 47,6%, хемикалии и хемиски производи (10,7), на фармацевтски производи и на фармацевтски препарати од 15,6%, како и производството од гума и производи од пластични маси и производство на други неметални минерални производи 85%.

- Advertisement -
Ad image

Според главните индустриски групи, производството во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 22,2 %, Капитални производи за 2,9 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9,9 %.

Индустриското производство во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи раст од 0,9%.

Индекси на индустриското производство јули 2026 (2025=100)
VII 2026
VII 2025
I-VII 2026
I-VII 2025
VII 2026
Ø 2025
VII 2026
Ø 2021
Вкупно 101.3 100.9 107.6 106.1
АЕ Енергија 77.8 93.6 78.2 70.5
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 109.2 106.0 117.6 114.3
ББ Капитални производи 97.1 101.4 101.0 113.0
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 90.1 95.8 103.4 114.7
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 103.1 98.0 110.1 105.0
Б Рударство и вадење на камен 94.1 96.6 100.6 92.6
      05 Вадење на јаглен и лигнит 61.8 79.0 53.1 38.2
      07 Вадење на руди на метал 105.9 97.0 104.6 95.7
      08 Вадење на други руди и камен 90.9 102.5 112.3 110.8
В Преработувачка индустрија 103.4 101.7 110.1 110.5
      10 Производство на прехранбени производи 96.1 100.6 105.1 99.3
      11 Производство на пијалаци 114.1 110.3 116.5 123.1
      12 Производство на тутунски производи 147.7 126.4 242.7 143.7
      13 Производство на текстил 85.6 92.4 91.5 95.2
      14 Производство на облека 83.3 85.6 95.8 71.2
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 92.4 92.5 101.1 84.1
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
147.2 125.0 177.0 232.7
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
91.3 99.0 94.2 79.2
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
93.9 86.5 93.5 91.8
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
110.7 97.4 104.2 102.6
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
115.6 93.8 90.2 123.3
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
103.7 103.3 108.0 171.3
      23 Производство на други неметални
минерални производи
185.0 139.9 181.1 214.0
      24 Производство на метали 92.8 92.7 97.2 56.2
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
93.7 99.5 120.0 58.1
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
98.1 126.6 94.0 60.2
      27 Производство на електрична опрема 96.6 98.7 103.6 120.3
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
97.3 93.9 82.7 82.0
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
97.3 102.6 107.6 133.6
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
90.7 97.0 79.3 91.6
      31 Производство на мебел 91.8 103.1 106.5 124.9
      32 Останата производствена индустрија 165.7 85.6 90.1 59.9
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 98.8 103.6 100.9 187.7
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
80.5 95.9 82.3 77.5
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
80.5 95.9 82.3 77.5

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation