Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на патот Кичево-Македонски Брод, се судрија две возила управувани од 75-годишни возачи, при што едниот го загуби животот.
„На 31.8.2026 година во 20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од село Преглово, кичевско. Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, се додава во соопштението.
„Со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од село Преглово, кичевско и А.А.(21) од село Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево“, соопшти полицијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
