Background

Здравко Чолиќ повторно покажа зошто со децении важи за еден од најголемите заводници на музичката сцена

Здравко Чолиќ повторно покажа зошто со децении важи за еден од најголемите заводници на музичката сцена. Овојпат не на голем концерт, туку во многу поинтимна атмосфера на хрватскиот остров Ластово, каде 75-годишниот пејач во ресторан покрај морето седнал до обожавателка и спонтано ѝ запеал, создавајќи сцена која таа веројатно долго ќе ја памети.

Видеото е објавено на Тик-Ток профилот на Augusta Insula, семејниот пансион и ресторан во заливот Заклопатица на Ластово. На снимката Чолиќ седи покрај жената, ја држи за раце и ѝ пее додека таа видно возбудена се смее. Во еден момент двајцата се смеат заедно, а на крајот се прегрнуваат. Во описот на видеото стои дека станува збор за „момент за дефинитивно паметење“.

Обожавателката е идентификувана како Дајана Брајчиќ Јурица, а песната што Чола ѝ ја отпеал е неговиот хит „Kuća puna naroda“. Снимката брзо стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции, а публиката најмногу го фалеше Чолиќ за неговиот гест и однесувањето кон обожавателката. Многумина го коментираа и фактот што пејачот на 75 години сè уште има енергија и шарм со кои лесно ја освојува публиката.

- Advertisement -
Ad image

 

Чолиќ и по повеќе од пет децении кариера останува активен на сцената. Во текот на летото настапуваше во регионот, а на 1 август одржа концерт и во Битола, додека на 15 август настапи во Изола, Словенија. Неговата кариера започна уште во времето на поранешна Југославија, а во 1978 година турнејата „Патувачки земјотрес“ беше проследена со огромен интерес, а концертот на Маракана во Белград го следеа околу 70.000 луѓе.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation