Background

ОДРЖАНА 14-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Денеска се одржа четиринаесеттата седница на Советот на Општина Охрид, на која советниците разгледаа и одлучуваа по обемен дневен ред составен од 95 точки.

Во рамки на дневниот ред беа усвоени годишните извештаи за работата и материјално-финансиското работење за учебната 2025/2026 година на ООМУ „Методи Патчев“, ООУ „Братство – единство“, ООУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Св. Наум Охридски“ – с. Пештани, ООУ „Христо Узунов“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.

Советот ги усвои и годишните програми за работа за учебната 2026/2027 година на наведените основни и средни училишта, како и Годишната програма за работа на ОЈУ „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2026/2027 година.

- Advertisement -
Ad image

Донесени се и одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта во општина Охрид.

Во делот на детската заштита, Советот ги усвои Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за 2025/2026 година и Годишната програма за згрижување и воспитно-образовната работа за учебната 2026/2027 година. Дадена е согласност и на одлуките за утврдување на работното време на вработените, како и за работа на групи со поголем, односно помал број деца од законски утврдениот број.

Советот даде согласност на измената на годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП „Нискоградба Охрид“, како и на годишните планови за вработување за 2027 година на ЈП „Нискоградба Охрид“, ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Охридски Комуналец“, ЈП „Водовод“, ЈП „Градски гробишта“ и на Општина Охрид.

Усвоени беа извештаите за работењето на ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Водовод“, ЈП „Градски гробишта“, ЈП „Градски Пазар Охрид“, ЈП „Нискоградба Охрид“ и ЈП „Охридски Комуналец“ за периодот од 01.04. до 30.06.2026 година.

Советот го усвои и Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2026 година.

Разгледани и усвоени беа извештаите за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид, програмата за поддршка на локалниот економски развој, програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид, развојната програма за изработка на урбанистички планови, како и извештаите за работењето на Одделението за даноци и Одделението за комунални такси.

Советниците ги усвоија и извештаите за реализација на програмите за заштита на животната средина и природата, културни манифестации и творештво, спорт и рекреација, млади и невладини организации, основно и средно образование, детска заштита, здравствена и социјална заштита, заштита и спасување и безбедност и здравје при работа.

Воедно, беа усвоени извештаите за реализација на програмата на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и програмата за работа на Советот на Општина Охрид за 2026 година.

Усвоени се и извештаите за реализација на програмите за други комунални услуги, урбана опрема – изградба и одржување, јавна чистота, јавно осветлување, одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режимот на сообраќај, подигање и одржување на паркови и зеленило, изградба на сообраќајна сигнализација и уредување на градежно земјиште.

Советот ги усвои извештаите за реализација на Програмата ЈД – изградба и реконструкција на локални патишта и улици, Програмата ЈЕ – изградба на простор за паркирање, Програмата ЈГ – изградба на системи за водоснабдување, Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и Програмата ЈМ – капитални расходи за паркови и зеленило, за периодот од 01.01. до 30.06.2026 година.

Усвоен беше и Извештајот за остварување на Буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2026 година.

На седницата беше донесена Предлог-одлуката за одржување на јавната чистота и паркови и зеленило на територијата на град Охрид, а беше усвоен и Елаборатот за проценка на штети од голомразица во општина Охрид на ден 06.04.2025 година.

Советот ја прифати Студијата за утврдување на оправданост на моделот за управување со адреналински парк Охрид и ја усвои Предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.

Дадена е согласност за пренесување на правото на користење на професионални бензински пумпи за испумпување на вода, црева и спојки – сопственост на Општина Охрид, на ЈП „Водовод“ – Охрид, ЈП „Нискоградба“ – Охрид и ТППЕ Охрид, како и за примање на трајно користење движна ствар – возило, наменето за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Општина Охрид.

Во делот на урбанистичкото планирање, Советот ја усвои Предлог-програмата за измени и дополнувања на Развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2026-2028 година, како и Предлог-одлуката за определување на земјиште за кампирање.

Прифатени се иницијативите за експропријација на градежно земјиште кое зафаќа делови од КП.бр.11175/1, КП.бр.11150 и КП.бр.10489/1, сите КО Охрид 2, како и иницијативата за експропријација на градежно земјиште на катастарските парцели КП.бр.11091/1, КП.бр.11044/3, КП.бр.11053, КП.бр.11052/1, КП.бр.11043, КП.бр.11042/1, КП.бр.11041/1, КП.бр.11041/2, КП.бр.11040, КП.бр.11032/3, КП.бр.11050/1, КП.бр.11051/3, КП.бр.11022/5, КП.бр.11022/2, КП.бр.11022/4, КП.бр.11029/2, КП.бр.11022/1, КП.бр.11022/14, КП.бр.11022/9, КП.бр.11022/12, КП.бр.11016/2, КП.бр.11022/6, КП.бр.11022/3, КП.бр.11033/1, КП.бр.11034/1, КП.бр.11034/2, КП.бр.11033/2, КП.бр.11039 и КП.бр.11031, сите во КО Охрид 2.

На седницата беа донесени и предлог-одлуките за донесување технички исправки за ГП 1.8 од ДУП за дел од УЕ 7, Урбан модул 1 – Охрид, за ГП 19 и ГП 20 во ДУП за дел од месна заедница „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс – Охрид и за ГП 2.3.9 во ДУП за УЗ 2, Блок 2.3 – опфат 2, Охрид. Исто така беше усвоена и Предлог-одлуката за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.01 и ГП 1.02, формирани во ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, во КО Охрид 4, општина Охрид.

Дневниот ред на седницата беше надополнет со Предлог одлуката за измена и дополнување на програма за уредување на градежно земјипте, која исто така беше изгласана од страна на советниците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation