На социјалните мрежи се појави снимка од моментите пред превртувањето на фериботот со 267 луѓе во водите на Кипар, при што најмалку девет лица загинаа. Според последните официјални информации, спасени се 237 лица, додека по дел од патниците и натаму се трага.
На снимката се гледа паниката меѓу патниците кои се борат за елеци за спасување, како и плачење на деца. Меѓу повредените има и три деца кои се на интензивна нега. Според досегашните информации, нивните животи не се во опасност.
Бродот во меѓувреме целосно потонал на длабочина од 514 метри, што значително ја отежнува потрагата по исчезнатите.
Во големата спасувачка операција учествуваат кипарско-турските и турските служби, хеликоптери и голем број пловила. Властите на Република Кипар од јужниот дел на островот, исто така, понудиле помош.
Патничкиот брод „Фило Џет“ се преврте кратко по испловувањето од пристаништето Кирне на северот на Кипар. Капетанот на бродот и седум членови на екипажот се уапсени во рамки на истрагата за причините за несреќата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
