Генералот Ратко Младиќ почина на 84-годишна возраст во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Шевенинген.
Веста за смртта на генералот ја потврди неговото семејство.
Генералот Младиќ доживеа повеќе мозочни удари, по што неговата состојба, која и претходно беше многу лоша, дополнително се влоши.
Семејството и лекарите повеќепати предупредуваа за состојбата во која се наоѓаше генералот и бараа негово пуштање од затвор за понатамошно лекување, но сите такви барања беа одбиени од страна на надлежните органи во Хаг.
Информациите за датумот и местото на погребот ќе бидат соопштени дополнително.
Претседателката на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, за негово предвремено ослободување од хуманитарни причини, објави Радио Слободна Европа.
Одбраната на Младиќ на 18 август побара тој да биде ослободен и префрлен во болница или установа за палијативна нега во Србија поради лошото здравје, ризикот од непосредна смрт и желбата да помине повеќе време со семејството. Во својата одлука, судијката Гати Сантана посочи дека хуманитарните причини не оправдуваат вака исклучителна мерка, истакнувајќи дека Младиќ ја добива потребната медицинска нега во Хаг и има редовен контакт со блиските.
Таа подвлече дека интересите на правдата не бараат ослободување дури и при очекувана смрт, имајќи ги предвид целите на доживотната казна за тешки меѓународни злосторства, која мора да ја изрази осудата од меѓународната заедница. Со ова се потврдува претходната одлука од 14 мај, кога трибуналот исто така одби привремено ослободување за осудениот генерал.
Ратко Младиќ беше уапсен во Србија во 2011 година, а во 2021 година Апелацискиот совет му ја потврди конечната казна доживотен затвор за геноцидот врз околу 8.000 Бошњаци во Сребреница, опсадата и теророт врз Сараево, прогонот на Бошњаците и Хрватите и земањето припадници на ОН за заложници за време на војната во БиХ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
