Background

Влегува ли Salford Capital Partners, Inc. преку својата српска подружница Danube Foods Group во преговори за купување на АД Охридтурист Охрид..??

АД Охридтурист, спор во сенка, додека акционерите чекаат одговори

Додека јавноста ги следи туристичките бројки на Охрид, во позадина на еден од најстарите и најзначајни хотелски системи во градот тлее спор кој веќе подолго време останува затворен за пошироката јавност. Промената во составот на Управниот одбор на АД Охридтурист, дополнета со нерешен спор околу продажба на имот, отвора повеќе прашања отколку одговори.

Свето Јаневски за својот удел во Охридтурист Охрид од инвестицискиот фонд барал 39.000.000 евра ,по така логика другиот поголем акционер има пресуда и може да бара 30.000.000 евра,доколку се додаде вредндоста и на државните акции и од малите акционери, имотот на Охридтурист ќе достигне цена од 100.000.000 евра или за 3 пати поголема вредност од акционерската книга на друштвото.Според информации до кои дојдовме ,повторно преку Salford Capital Partners, Inc. преку српска подружница Danube Foods Group се јавува името на Цветан Панделевски (детето од Врбјани),но сега со појачан тим од еден Академик Владо Камбовски.

Она што е потврдено

Управниот одбор на компанијата е дополнет со нови луѓе поврзани со „Тиквеш” и „М-6″, во период кога трае спор со вториот поголем акционер околу продажба на имот. Компанијата во изминатава година свикала неколку собранија на акционери, редовни и вонредни, меѓу кои вонредно собрание во октомври 2025 и годишно собрание во април 2026 година. Она што недостасува во јавно достапните материјали, се јасни, детални записници достапни на пошироката јавност за содржината на дискусиите и одлуките околу спорната продажба.

Отворени прашања кои бараат одговор

- Advertisement -
Ad image

Токму тука лежи проблемот. Акционерско друштво со имот со таква вредност и историско значење за градот не смее да носи клучни одлуки зад затворени врати. Ако постои реален интерес од странски инвестициски структури за преземање удели или имот поврзан со компанијата, јавноста и особено малите акционери имаат право да знаат:

  • Дали воопшто постојат преговори со трети страни за продажба на удели или имот, и со кого конкретно
  • Влегува ли Salford Capital Partners, Inc., преку својата српска подружница Danube Foods Group, во преговори за купување на АД Охридтурист Охрид, и ако да, во која фаза се тие преговори?
  • По која постапка и по кои критериуми се утврдува вредноста на имотот и акциите
  • Дали Управниот одбор постапува во интерес на сите акционери, или само на најголемите
  • Каква е улогата на државата како содржnik на удели, и дали таа воопшто е консултирана
  • Зошто јавно достапните записници не содржат доволно детали за да можат акционерите независно да проценат дали се работи за фер постапка

Институциите молчат, прашањата остануваат

Јавното обвинителство и Јавниот правобранител, како институции чија улога е токму заштита на јавниот интерес и законитоста во ваквите случаи, досега немаат јавно соопштено дали воопшто ја следат состојбата во Охридтурист. Тоа отсуство на јавна реакција, во комбинација со недостигот на транспарентност во работата на Управниот одбор, создава простор за шпекулации кои штетат и на компанијата и на градот, а ја обевреднуваат и државата.

Додека не се обезбедат јасни, документирани одговори, останува отворено прашањето дали одлуките во Охридтурист навистина се носат во интерес на акционерите и градот, или зад затворени врати се крои нешто за кое пошироката јавност дознава последна.

Забелешка: Информациите за конкретни преговори со странски инвестициски фондови околу Охридтурист, изнесени во јавноста, засега остануваат непотврдени од независни извори.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation