Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24).
Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот.
Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија дека Ретклиф ќе ја посети Русија. Тој ја предводи ЦИА за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, а во неговиот прв претседателски мандат ја вршеше функцијата директор на националното разузнавање. Медиумите не прецизираа со кого се сретнал Ретклиф ниту, пак, за кои теми се разговарало.
Ова би била прва позната посета на шеф на американското разузнавање на руската престолнина откако претходникот на Ретклиф, Вилијам Барнс, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во ноември 2021 година. Околу три месеци по таа средба, Русија ја започна инвазијата врз Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
