Background

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да укине деловни и туристички визи за дури 200.000 странци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да укине деловни и туристички визи за дури 200.000 странци кои поднеле барање за азил во САД или во моментов бараат .

Доколку одлуката биде спроведена, тоа би било најголемото масовно укинување на визи во историјата на САД во еден потег, а се очекува одлуката да биде оспорена и пред судовите.

Според документи на американскиот Стејт департмент до кои дошла „Асошиејтед прес“ (АП), во наредните недели би требало да биде објавено укинување на визите Б1 и Б2 издадени во периодот од 2016 до 2026 година, чии носители поднеле или во моментов поднесуваат барање за азил.

- Advertisement -
Ad image

Одлуката ќе биде донесена во координација со Министерството за внатрешна безбедност.

„Координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и укинеме неимигрантските визи на странци кои дошле во САД тврдејќи дека се краткорочни посетители, а потоа поднеле барање за азил за да останат трајно овде“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

Тој не откри колку визи би можеле да бидат укинати, наведувајќи дека процесот ќе биде континуиран и дека бројот на укинати визи ќе се менува.

Укинувањето на визите не би значело автоматска депортација, посочија американски официјални лица. Повеќето лица чии барања за азил во моментов се разгледуваат би биле прекатегоризирани и би го изгубиле статусот на деловни или туристички посетители.

Откако Трамп го започна вториот претседателски мандат, неговата администрација постепено ги заострува условите за лицата кои аплицираат за визи. Од нив се бараат повеќе информации за активностите на социјалните мрежи, воведени се скапи гаранции при обработката на барањата, а издавањето визи за граѓани на одредени земји е целосно забрането.

Заменикот на американскиот државен секретар Кристофер Ландау вчера ги критикуваше лицата за кои тврди дека влегуваат во САД со туристички и деловни визи, а потоа поднесуваат барање за азил.

„На луѓето во САД и ширум светот им е доста од лажни барања за азил. Азилот не треба да биде дупка во законот за заобиколување на имиграциските правила“, напиша Ландау на „Икс“.

Визите Б1 главно се издаваат за деловни патувања, додека Б2 се наменети за туристички патувања, посети на семејството или медицински третман.

Од документите и изјавите на американските официјални лица не е јасно колку носители на овие визи поднеле или во моментов поднесуваат барање за азил и би можеле да бидат опфатени со мерката.

Од лицата кои во моментов аплицираат за Б1 и Б2 визи се бара да потврдат дека нема да побараат азил во САД, како и да докажат дека имаат намера да се вратат во своите матични земји.

Во последните 18 месеци Стејт департментот укинал околу 175.000 визи на лица кои биле осудени или обвинети за кривични дела, од возење во алкохолизирана состојба до силување и разбојништво, но и на лица кои јавно ја критикувале американската политика, особено во однос на Блискиот Исток.

Администрацијата презема мерки и против таканаречениот „породилен туризам“, практика за која тврди дека ја користат бремени странки за да дојдат во САД и таму да се породат, со што нивното дете би стекнало право на американско државјанство по раѓање.

Трамп повеќепати се обиде да го укине правото на државјанство по раѓање, но неговите обиди беа блокирани од судовите, вклучително и од Врховниот суд.

Документите на Стејт департментот до кои дошол АП покажуваат дека проверката на актуелните носители на Б1 и Б2 визи започнала откако Стејт департментот добил информации од американската Служба за државјанство и имиграција (USCIS) за поднесени барања за азил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation