Background

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина и жештина.

Мапата што ја објави „Метео“ покажува дека во 23.45 часот во повеќе делови на пошироката област Атика температурата била над 30 степени.

- Advertisement -
Ad image

Топлотниот бран во Грција, според прогнозите, се очекува да продолжи и во следните денови, а за денеска, поради високите температури и многу високата опасност од пожари, областа Атика и уште 11 други региони, односно делови од централна Грција и Евија, Кикладските Острови и островите во северниот дел на Егејското Море се во состојба на мобилизација – Red Code (црвен код).

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека при состојба на мобилизација (Red Code) „националниот механизам се става во целосна готовност, со активирање и распоредување на потребниот човечки потенцијал, како и материјални средства и опрема соодветни на потребите“, со цел навремено справување со вонредни состојби.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation