Точно во 11 часот, крај брегот на Охридското Езеро, официјално стартуваше 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, настан кој веќе со децении го носи епитетот најдоброто од Македонија.
По завршената медицинска проверка и последните подготовки на пливачите, старт бродот го даде сигналот и учесниците се впуштија во нивниот 25 километарски предизвик од месноста Св. Наум до Градското пристаниште во Охрид. Секој натпреварувач имаше обезбедено свој пратечки пловен објект, согласно пропозициите на ФИНА, а атмосферата на брегот беше исполнета со поддршка, знамиња и енергија на бројните присутни.


Со децении наназад, Охридското Езеро е сведок на овој исклучителен спортски потфат кој ги тестира издржливоста, силата и волјата на секој учесник. Тековното издание уште еднаш го покажа духот на заедништво и посветеност кои го красат овој настан, организиран со целосна поддршка на Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација.
На сите пливачи кои денес се на патеката, им посакуваме мирни води, сила и успешно совладување на километрите до целта.
Следете нè за повеќе информации и резултати од 39. Охридски пливачки маратон, настан кој секоја година докажува дека во Охрид навистина се раѓа најдоброто.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
