Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров ќе отпатува во САД за да собере пари за нови проекти во областа на одбранбените технологии, откако беше разрешен од функцијата, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до поранешниот министер.
Како пионер во примената на беспилотните летала и приврзаник на новите воени технологии Федоров веќе има воспоставено блиски односи со водечки американски компании како „СпејсИкс“ и „Палантир“. Токму неговиот личен апел до Илон Маск придонесе за активирање на сателитската интернет мрежа „Старлинк“, чии десетици илјади терминали денес имаат клучно значење за комуникациите и управувањето со дронови на украинското бојно поле.
Според изворот, Федоров планира да почне низа проекти поврзани со војната и со украинските стартапи, при што еден од главните проекти ќе биде формирање инвестициски фонд. Тој исто така потврди дека Федоров продолжува да разговара со Маск за прашања поврзани со „Старлинк“, но засега не е планирана директна средба меѓу нив.
Истиот извор ги отфрли претходните медиумски информации дека Федоров патува во САД за да побара политичка поддршка, нагласувајќи дека тој нема да се среќава со американски политичари или официјални претставници.
Ваквото патување доаѓа по политичките превирања во Киев. Неговото разрешување од Министерството за одбрана во јули предизвика неколкунеделни демонстрации во Киев и во други градови со барање за негово враќање, кои во меѓувреме стивнаа.
Во вторникот, во знак на заладување на односите со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Федоров стана првиот висок украински политичар кој повика на одржување избори за време на војната, иако такви избори не се дозволени според украинскиот Устав.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
