Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
И за утре, исто како и за денеска, УХМР издаде портокалов метеоаларм за целата територија на Македонија за голема опасност од топло време.

Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 13 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија и Демир Капија, каде се очекува температура до 41 степен.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро, до 40 степени во текот на денот.
Денеска најтопло беше во Скопје и во Велес, каде максималната температура достигна 40 степени Целзиусови.
Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање.
Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа.
Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.
Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
