Background

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена на осум години затвор во Мелбурн за смртта на својата 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена на осум години затвор во Мелбурн за смртта на својата 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд, пишува австралискиот Еј-Би-Си Њуз.

Богојевска ја задушила старицата со кујнска крпа, а потоа го ставила телото во автомобил. Се одвезла до реката Марибирнонг и го фрлила во водата.

Телото било пронајдено два дена подоцна, делумно завиткано во пластика.

- Advertisement -
Ad image

Австралиската Еј-Би-Си претходно објави дека Богојевска била обвинета за убиство. Подоцна постигнала договор со обвинителството и признала убиство од небрежност.

Влегла кај сосетката и никогаш не се вратила

Судот слушнал дека сосед ја видел Вајтхенд како влегува во домот на Богојевска во Вест Футскреј. Таму 85-годишната жена била нападната и задушена. Петнаесетгодишниот син на Богојевска бил во соседната соба. Носел слушалки и не знаел што се случува.

Обвинителството прифатило дека Богојевска немала намера да ја убие Вајтхенд. Одбраната претходно ја опишала смртта како „несакана последица“ од спонтан напад.

Телото во автомобил, па право кон реката

Богојевска потоа го пренела телото до реката Марибирнонг. Таму го фрлила во водата.

Истрагата подоцна ја одвела полицијата до нејзиниот дом. Таму биле пронајдени предмети што ѝ припаѓале на Вајтхенд.

Според судските наводи, Богојевска потрошила повеќе од 4.000 австралиски долари од парите на жртвата. Купувала, меѓу другото, чевли, таблет и микробранова печка.

Првично пред полицијата тврдела дека е „повеќе од 100 проценти“ сигурна оти не е одговорна.

„Скапувај во пеколот“

Судијката на Врховниот суд на Викторија, Џасинта Форбс, оценила дека Богојевска не покажала каење.

– Вашите дела се необјасниви. Губењето на нејзиниот живот и тагата предизвикана од вашето дело се неизмерни – рекла судијката.

Драматичен момент следувал на крајот од рочиштето.

– Скапувај во пеколот – ѝ рекла на Бојоевска, ќерката на убиената Вајтхенд.

На тоа Богојевска возвратила:

– И ти.

Осумгодишната затворска казна предвидува најмалку шест години зад решетки. Богојевска веќе поминала 755 дена во притвор. Најрано би можела да бара условно ослободување во јули 2030 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation