Германската војска започна необична кампања за регрутација со која се обидува да го зголеми бројот на своите припадници. Граѓаните ширум земјата сега можат да се информираат и да се пријават за работа во Бундесверот со скенирање QR-код што се наоѓа на амбалажата за ќебапи.
QR-кодовите се поставени на хартиените обвивки за ќебапи низ Германија, како дел од кампањата за привлекување нови кандидати во здравствената служба на Бундесверот.
Портпарол на германското Министерство за одбрана за весникот „Берлинер курир“ изјавил дека целта на кампањата е да привлече „не само млади луѓе“ кои се на почетокот на својата кариера, туку и „луѓе кои ја менуваат кариерата и квалификувани работници“ кои размислуваат за ново професионално ангажирање.
Амбалажата за ќебапи е дел од поширока рекламна кампања во која промотивни материјали се поставуваат на места каде што потенцијалните кандидати се движат во секојдневниот живот.
Од германското Министерство за одбрана појаснуваат дека угостителските објекти не добиваат пари за учеството во кампањата. Сопствениците доброволно се вклучуваат во дистрибуцијата на промотивниот материјал.
„Рестораните бесплатно добиваат брендирана амбалажа“, соопштило Министерството.
Необичната кампања доаѓа во период кога Берлин настојува значително да го зголеми бројот на припадници на своите вооружени сили.
На крајот на јули германскиот Бундесвер имал 186.705 активни припадници, што е највисок број во последните 13 години.
Сепак, целта на германските власти е до 2035 година бројот да биде зголемен на повеќе од 260.000 војници, со цел Германија да ги исполни обврските на НАТО во однос на воените способности.
Германија не е првата европска земја која во последните години користи поинаков пристап за привлекување луѓе во вооружените сили.
Британската армија во 2019 година спроведе рекламна кампања насочена кон таканаречените „пречувствителни“, луѓето зависни од селфи-фотографии и оние кои постојано се на своите мобилни телефони.
Франција во 2024 година започна национална мултимедијална кампања за регрутација, додека Холандија од 2023 година на младите им нуди можност една година да поминат во униформа, со соодветен надомест.
Кампањата со ќебапите е уште еден пример за тоа како европските армии се обидуваат да стигнат до потенцијалните регрути надвор од традиционалните начини на рекламирање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
