Охридското Езеро повторно ќе биде домаќин на еден од најголемите спортски настани во регионот, Охридскиот пливачки маратон, кој ќе се одржи на патека долга 25 километри, со старт од месноста Св. Наум и цел на Градското пристаниште во Охрид.
Настанот е во техничка организација на Клубот за спортови на вода Охридски Бранови 2008, а покровители и поддржувачи се Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација. Согласно пропозициите на ФИНА за ваков тип на настани, секој пливач ќе има обезбеден пратечки пловен објект, со цел безбедноста да биде на највисоко ниво во текот на целото маратонско пливање.
Успешната реализација на овој предизвикувачки настан е плод на посветена работа на луѓе кои со години го негуваат пливачкиот спорт на Охридското Езеро. На приложената фотографија се дел од клучните носители на организацијата, Катерина Стојаноска како главен судија, Ристе Јанкоски како претседател на организацискиот одбор, претставник на техничката организација, како и претседателот на Охридски Бранови, човек кој целиот свој живот го посветил на пливањето и на развојот на овој спорт во Охрид.
На настанот присуствува и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, човек кој сиот свој живот го посветил на развојот на спортот и кој ќе остави забележана трага во спортската историја на градот.
Охридскиот пливачки маратон не е само спортско натпреварување, туку и промоција на убавините на Охридското Езеро пред пошироката јавност. Патеката од Св. Наум до Охрид минува низ едни од најпрепознатливите пејзажи на езерото, нудејќи им на пливачите неповторливо искуство, а на публиката атрактивен спектакл долж брегот.
Со поддршка на локалната самоуправа, спортските институции и посветениот тим на организатори, овој настан секоја година го потврдува своето место како еден од најзначајните на пливачкиот календар во земјава.
Затоа, следете ги најавите, зашто во Охрид почнува најдоброто.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
