Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за голема опасност од многу топло време за 21 август 2026 година. Температурата утре во повеќе места ќе достигне 40 степени Целзиусови.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 10 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија, Струмица и во Велес, каде максималната температура ќе достигне 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 39 степени.
И во сабота ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа.
Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.
Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.
Tagged as:
Цела Македонија на удар на екстремна горештина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
