Новак Ѓоковиќ не крие дека сака уште еднаш да настапи на Олимписките игри, а доколку плановите му се остварат, токму во Лос Анџелес во 2028 година би можел да стави крај на една од најуспешните тениски кариери во историјата.
Српскиот тениски ас во разговор со шпанските медиуми откри дека настапот на Олимписките игри во Лос Анџелес му е голема желба, но истовремено призна дека конечната одлука ќе зависи и од неговата физичка состојба.
– Мислам дека настапот во Лос Анџелес ми е сон, но и голема желба. Кажав неколку пати досега дека сакам да стигнам до Олимписките игри во 2028 година, но ќе видиме што ќе се случи и како ќе реагира моето тело – изјави Ѓоковиќ.
Тој објасни и дека во последниот период внимателно го избира распоредот на настапи, бидејќи сака повеќе време да посвети и на семејството и на другите улоги што ги има надвор од тенискиот терен.
– Денес не играм и не се натпреварувам на неколку турнири, а така се решив зашто сакам да бидам посветен на различните улоги кои ги имам во животот како татко, сопруг, син или брат – додаде српскиот тенисер.
А потоа јасно ја откри својата голема желба – кариерата да ја заврши носејќи го српското знаме на Олимписките игри.
– Моја желба е да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес, со српско знаме на рамениците и така да ја завршам кариерата – порача Ѓоковиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
