Пејачката Селена Гомез се соочува со тужба од пет инвеститори во „Вондермајнд“, компанија за ментално здравје што ја основа со својата мајка Менди Тифи и со Даниела Пирсон. Тие бараат враќање на околу 1,2 милиони долари, тврдејќи дека биле доведени во заблуда.
Инвеститорите тврдат дека токму огромната популарност на Гомез била еден од адутите со кои биле привлечени да вложат пари. Пејачката требало активно да го гради и да го промовира брендот.
Според тужбата, Гомез потпишала договор со конкретни обврски, но инвеститорите тврдат дека не ги исполнила. Најавуваната апликација не била создадена, а не се реализирале ниту дел од ветените партнерства и други проекти.
Тужителите изнесуваат и посериозни обвинувања. Според нив, „Вондермајнд“ не успевал навреме да ги плаќа вработените и добавувачите. Истовремено, инвеститорите со години не биле информирани за вистинската финансиска состојба.
„Три години, додека компанијата тивко се распаѓаше околу нив, ниту еден од нејзините основачи, службеници или директори не им кажал ни збор на инвеститорите чии пари го финансираа пропаѓањето“, се наведува во тужбата.
Инвеститорите тврдат дека за размерите на проблемите дознале дури по новинарска истрага објавена во септември 2025 година.
„Вондермајнд“ беше основан пред пет години како платформа за полесен пристап до содржини поврзани со менталното здравје. Гомез претходно јавно зборуваше за сопствените проблеми со менталното здравје.
Пејачката има повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи. Нејзиното богатство се проценува на речиси една милијарда долари, а таа стои и зад козметичкиот бренд „Рер бјути“.
Tagged as:
ОД ПРОЕКТ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ДО ТУЖБА ЗА СЕЛЕНА ГОМЕЗ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
