Background

После катастрофата во Омиш, пекол на Дуги Оток, а пожари беснеат и во Црна Гора

Голем пожар беснее на Дуги Оток, најголемиот остров во северозападна Далмација и дел од Задарската жупанија. Огнот избувна во петокот вечерта кај Савар, јужно од Брбињ, а пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите и викендичките расфрлани по заливите. Утрово на островот пристигнаа и два канадера, но според последните информации пожарот сè уште не е целосно ставен под контрола.

Теренот е стрмен, тешко пристапен и покриен со густа макија. Силниот ветер дополнително ја отежнувал борбата со огнот. Пожарникарите успеале да го поделат пожариштето на два фронта, долги околу еден километар и околу 600 метри. Најважната вест од ноќната битка е дека сите загрозени куќи се одбранети и засега нема пријавена материјална штета на објектите.

Пожарот на Дуги Оток не е под контрола, на Омиш пак се активира

На островот прво интервенирале локалните пожарникари, а потоа со вонредна траектна линија од копното бес испратени околу 50 пожарникари со 15 до 17 возила. Силниот ветер во првите часови го ширеше пожарот со голема брзина. Во истата ноќ пожарникарите во Задарската жупанија изгаснале уште четири пожари на копното и еден помал пожар на островот Иж.

- Advertisement -
Ad image

Новиот пожар доаѓа само еден ден по катастрофата на подрачјето на Омиш. Огнот што избувна кај Локва Рогозница и се прошири кон Омиш остави зад себе изгорени куќи, автомобили и пловила. Едно лице загина, десетици се повредени, а дел од најтешко повредените пациенти се лекуваат на интензивна нега. Хрватските медиуми утрово јавуваат дека состојбата на пожариштето е значително подобра, иако пожарникарите остануваат на терен поради опасноста ветерот повторно да го разгори огнот.

Во текот на вчерашниот ден огнот кај Омиш повторно се активирал на северниот дел од пожариштето и морале повторно да интервенираат канадери. Главниот хрватски пожарникар Славко Туцаковиќ изјави дека состојбата потоа била поволна, но предупреди на маестралот. Под контрола се ставени и пожарите на Пељешац и кај Трогир, додека пожариштето кај Нински Станови останува активно, со очекување и таму огнот наскоро да биде совладан.

Така, за само два дена противпожарните служби долж хрватскиот Јадран мораа истовремено да распоредуваат луѓе, возила и авиони на повеќе оддалечени локации. Дел од пожарникарите што беa ангажирани кај Нински Станови веднаш потоа биле префрлени на Дуги Оток. Канадерите и другите воздушни сили се особено важни на островските и планинските пожаришта, каде што до фронтот на огнот често не можат да стигнат противпожарни возила.

Жестока битка со огнот и во Црна Гора

Тешка противпожарна битка деновиве се води и појужно, во Црна Гора. Според последниот официјален пресек на црногорското Министерство за внатрешни работи, активни, но под контрола, се пожарите во Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ, Бар, Колашин и Подгорица. Целосно е изгаснат пожарот кај Пониквице во општина Никшиќ.

Особено внимание е насочено кон Херцег Нови и Улцињ. Во Херцег Нови пожарникарите синоќа бранеа куќи, а ветерот го отежнуваше гаснењето. Во Црна Гора се ангажирани сите расположливи државни и локални капацитети, како и воздушните сили на Министерството за внатрешни работи и Армијата. Само во текот на вчерашниот ден воздушните сили исфрлиле стотици тони вода врз пожарите.

Црногорските власти предупредуваат дека и пожарите кои се означени како „под контрола“ можат повторно да се разгорат. Температурите се високи, вегетацијата е сува, а промените на правецот и силата на ветерот можат за кратко време да создадат нов фронт. На терен се ангажирани шест летала на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, а само до вчера попладне од воздух биле исфрлени повеќе од 110 тони вода.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation