Во рамки на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун.
Објавата доаѓа откако попладнево беше објавено дека во акцијата има уапсени од меѓународна криминална група и дека се запленети над 300 килограми марихуана. Акцијата уште трае со претреси во Македонија и на Косово.
Во акцијата, како што информира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од слобода се лишени еден македонски и еден косовски државјанин.
„При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија. Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови Одделот за криминалистичка полиција изврши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело“, наведува ОЈО ГОКК.
Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, акцијата е резултат на континуирана и координирана меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со наркотични дроги.
За акцијата извести и Министерството за внатрешни работи.
Tagged as:
УАПСЕНИТЕ ВО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА СЕ МАКЕДОНСКИ И КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
