Тројца државјани на Судан биле пронајдени скриени во товарен камион при детална царинска контрола на стока пријавена за увозно царинење, информира Царинската управа.
Мигрантите биле откриени од царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје.
Според информациите од Царината, станувало збор за стока со потекло од Кина, која била натоварена во пристаништето во Солун. По натоварувањето, камионот бил пломбиран со грчка царинска пломба.
Тројцата државјани на Судан ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот, по што се скриле меѓу кутиите со стока.
„Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштитата на државата“, соопшти Царинската управа.
Откриените лица биле предадени на Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување.
Фото: Архива
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
