Полициските службеници во текот на изминатите два дена, 10 и 11 август, констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци на патиштата низ земјава, а 32 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесувале на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Во рамките на контролите, 32 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, три возеле под дејство на алкохол, 15 управувале без возачка дозвола, а едно лице возело и покрај претходно изречената забрана за управување со возило.
Во истиот период полицијата одзела 13 возила, согласно член 300-б од Кривичниот законик.
Контролите покажале и голем број други прекршоци. Евидентирани се 302 случаи на неправилно паркирање, додека 16 возачи биле санкционирани за управување под дејство на алкохол.
Полицијата санкционирала и 106 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, како и 67 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети осум нерегистрирани возила, а уште две возила поради техничка неисправност.
Санкционирани биле и пет возачи поради непочитување на пропишаните услови за затемнување на стаклата на возилата, односно користење несоодветни фолии.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.
Целта, како што посочуваат од полицијата, е заеднички да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и побезбедни патишта.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
