Background

ЕБОЛАТА КОСИ ВО КОНГО, БРОЈОТ НА ЖРТВИ СЕ УДВОИЛ

Eпидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири со драматично темпо. Бројот на починати надминал 2.000, покажуваат најновите податоци на властите.

Регистриран е 4.381 потврден случај, од кои 2.011 завршиле со смртен исход. На лекување и во строга изолација се 704 пациенти.

Бројките покажуваат колку брзо се влошила состојбата. За првите 1.000 смртни случаи биле потребни девет недели. Следните 1.000 биле регистрирани за само три недели.

- Advertisement -
Ad image

Светската здравствена организација претходно потврдила дека епидемијата е најголемата досега регистрирана во Демократска Република Конго. На 4 август биле потврдени 3.973 случаи и 1.801 смртен случај.

Вирусот побрз од здравствениот одговор

Епидемијата официјално била прогласена на 15 мај. СЗО утврдила дека заразата се ширела и пред нејзиното официјално откривање.

Најтешко е погодена провинцијата Итури. Речиси 90 проценти од потврдените случаи во земјата се регистрирани таму. Меѓу најпогодените подрачја се Бунија, Рвампара и Монгбвалу.

Здравствените екипи се соочуваат со тешко достапни населени места, несигурност и со големо движење на населението. Проблем претставува и недоволното следење на контактите.

СЗО и Африканскиот центар за контрола и превенција на болести побарале итно засилување на одговорот.

– Во некои делови од источниот дел на ДР Конго, епидемијата на ебола го надминува нашиот одговор – изјави генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Редок сој без одобрена вакцина

Епидемијата ја предизвикува вирусот Бундибуџио, еден од видовите што предизвикуваат ебола. За него во моментов нема одобрена вакцина ниту специфична терапија.

Заразата се пренесува преку директен контакт со крв и со други телесни течности на заразено лице. Инкубацијата трае од два до 21 ден.

СЗО наведува дека раното откривање, изолацијата и следењето на контактите се клучни за запирање на ширењето. Организацијата засега не препорачува ограничувања за патување или за трговија со погодените земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation