Полицијата го расчистува пукањето што се случи на 8 август во тетовско, при што три лица се лишени од слобода, соопшти МВР.
На 10 август во 14:45 часот, на патот Тетово–село Селце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според полициските информации, А.Џ. се сомничи дека на 8 август околу 04:20 часот, додека се движел со мопед, од автоматска пушка испукал повеќе куршуми кон семејната куќа на 48-годишниот Ш.Б., по што побегнал од местото.
Во продолжение на истрагата, истиот ден од 20:00 до 22:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, извршиле претрес во домот и помошните простории на 44-годишниот Д.С. во Тетово.
При претресот биле пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 милиметри, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка.
Во врска со случајот, поради сомнение за сторени кривични дела „помагање“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полицијата ја лишила од слобода и 58-годишната Ф.С. од Тетово.
Подоцна, во 23:40 часот, во СВР Тетово сама се пријавила и 31-годишната Ф.С. од Тетово, исто така во врска со настанот.
Тројцата биле задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
