Background

Реформа за поефикасна реализација на капиталните проекти

Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а беше усвоена од Владата.

Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка болница во Тетово,  Клиничка болница во Штип, студенстки дом и медицински факултет, како и болницата во Кичево. Реконструкција на централен дел од железничкиот Коридор 8  делница Скопје-Кичево, реконструкција на постојната и изградба на брза железничка пруга долж Коридорот 10, систем за батериско складирање на електрична енергија, систем за контрола на стекнување и следење податоци – СКАДА и софтвер за планирање на производство и тргување со електрична енергија. На листата се и ветерен парк Миравци, комбинирана гасна електрана во ТЕЦ Битола и проширување на мрежата за централно греење за градот Битолa, подобрување и реконструкција на дистрибутивна мрежа за топлинска енергија во Скопје, пловечка фотонапонска електрана Шпилје и друго.

На Првата листа за јавни инвестиции во посебен дел се објавени и  проекти коишто се веќе во фаза на спроведување, односно за кои е донесена одлука за финансирање.

- Advertisement -
Ad image

Од Министерството за финансии појаснуваат дека на листата се работело подолг период. Иницијативите се доставени од институциите и јавните претпријатија во текот на минатата година по што е извршена проверка и оценка. Потоа предлог-листата е доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и до Владата на усвојување.

Целиот овој процес е предвиден со Законот за буџети и Уредбата за управување со јавни инвестиции, и претставува основа за воспоставување современ систем на управувањето со јавните финансии.

– Станува збор за една многу значајна реформа во управувањето со јавните финансии, во делот на средствата наменети за јавни инвестиции, со што на еден посистематизиран начин се пристапува кон реализацијата на одредена иницијатива којашто доаѓа од одредена институција. Институциите доставуваат иницијативи за проектни идеи до Министерството за финансии, во Министерството за финансии тим врши проверка на комплетноста и квалитетот на проектната идеја и дава мислење за изводливоста и одржливост на идејата, потоа предлозите коишто се позитивно оценети се доставуваат до Комитетот за јавни инвестиции кој ја креира предлог листата за јавни инвестиции и ја доставува до Владата на нејзино конечно усвојување – вели за МИА министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека треба да се има предвид дека објавата на проекти на Првата конечна листа не претставува конечна одлука за нивна имплементација. Одлуките за финансирање на овие проекти ќе се одвиваат во понатамошниот процес, во рамки на расположливите средства во буџетот, односно во рамки на финансиските средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, а пред сè, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата.

Вредноста на секој проект поединечно на оваа листа е над 5 милиони евра, а нивното финансирање и спроведување би се вршело во повеќе буџетски години.

– На ваков начин нема да ни се повторуваат состојби од минатото кога се почнуваше проект, а потоа поради недоволна подготвеност имаше застој. На таков начин и планирањето и реализацијата на капиталните проекти ќе биде поефикасно, а од друга страна и управувањето со јавните финансии ќе носи поголем бенефит – посочува министерката Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation