Background

Помладата ќерка на Здравко Чолиќ наполни 20 години и потроши 10.000 евра за резервација во елитен ресторан на познатиот булевар Ла Кроазет, во марината Порт Канто во Кан, во кој се собира светскиот џет-сет

Помладата ќерка на Здравко Чолиќ наполни 20 години и потроши 10.000 евра за резервација во елитен ресторан на познатиот булевар Ла Кроазет, во марината Порт Канто во Кан, во кој се собира светскиот џет-сет.

Пејачот има две ќерки (Уна и Лара) и не крие дека се разгалени, а тој се труди да им ја исполни секоја желба.

За разгаленоста на ќерките на Чола често пишуваат и српските медиуми, кои тврдат дека двете девојки трошат премногу пари и дека често немаат граница.

- Advertisement -
Ad image

Најновата потврда за тоа е токму прославата на 20-тиот роденден на Лара која за забавата го избрала токму Baoli, место кое се смета за едно од најпрестижните на Медитеранот. Објектот комбинира ресторан со висока кујна, коктел-бар на покривот со панорамски поглед на Канскиот Залив и ексклузивен ноќен клуб. Во текот на вечерта, просторот функционира како елегантен ресторан опкружен со палми, додека околу полноќ атмосферата се трансформира во клуб за забави. Ексклузивноста на ова место се потврдува и со фактот дека минималната потрошувачка за резервација на маса е 1.500 евра за стандардни седишта, до 10.000 евра во ВИП зоната.

Лара на Инстаграм Стори објави неколку провокативни фотографии со роденденската торта – бела, со црни детали и натпис „Fuck, I’m already 20“.

Фотка од забавата на Лара, објави и нејзината постара сестра, Уна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation