Background

Европската централна банка ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот, со максимален износ од 50 милијарди евра

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.

И покрај тоа што девизните резерви на Народната банка се на високо ниво и претставуваат примарен заштитен механизам за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, пристапот до зголемената репо-линија претставува значителна поддршка за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и за справување со евентуални надворешни шокови и зголемена побарувачка за ликвидност во евра.

Народната банка досега имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра, која беше воспоставена за време на пандемијата на ковид-19 и последен пат беше продолжена до 31 јануари 2027 година. За разлика од оваа репо-линија, зголемената репо-линија (ЕУРЕП) претставува траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат, со што дополнително се зајакнува заштитната мрежа за обезбедување ликвидност во евра во услови на евентуални пазарни нарушувања.

- Advertisement -
Ad image

Зголемената репо-линија (ЕУРЕП) е инструмент на Евросистемот, воспоставен со цел да го поддржи непреченото спроведување на монетарната политика. Таа обезбедува постојан пристап до ликвидност во евра за централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната, а со неа управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.

Со воведувањето и овозможувањето пристап до зголемената репо-линија, ЕЦБ ја потврдува својата посветеност на обезбедувањето ликвидност во евра во периоди на пазарни предизвици за централните банки надвор од еврозоната, како и на поддршката на непреченото функционирање на финансиските пазари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation