Background

СДСМ: **Мицкоски ја води пропагандата по примерот на Ванчо Михајлов**

**Мицкоски ја води пропагандата по примерот на Ванчо Михајлов**
Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов. ⚠️
Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“. 🗣️
Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, елиминација. ⚠️
По 1928 година, кога Михајлов ја презел водечката улога, следувале ликвидации на политички неистомисленици. ❗
🔴 Истата шема ја гледаме и денес.
Мицкоски со години секој што не се согласува со него го прогласува за предавник. Секој што се залага за демократска и европска Македонија го „почестил“ со истиот епитет. 🇲🇰🇪🇺
На Илинден – најголемиот државен празник на единство и заедништво – тој официјално ја започна новата кампања. Народот што не ја поддржува неговата политика го нарече „талог“. ⚠️
Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ повеќе не држи ниту на хартија. Самиот Мицкоски рече дека ВМРО е „промакедонска“ партија. И тоа е точно. Не може да биде македонска партија кога половина од нивните функционери, нивните семејства и блиски имаат бугарски пасоши и фирми. 🇧🇬
Она што дополнително ги поврзува Мицкоски и Ванчо Михајлов е токму таа пробугарска нота. ⚠️
Сите знаеме за соработката на Михајлов со фашистичките сили. ❗
Денес ги гледаме истите методи на пропаганда – преку првите луѓе за медиуми на Мицкоски: Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Гебелсовски пристап во 21 век. 📺⚠️
Покрај влијанието на „српскиот свет“, односно на СНС и Вучиќ, сега е јасна и оваа компонента што го објаснува однесувањето на Мицкоски: политика на омраза, поделби, изолација и контрола. Политика од деведесеттите. Политика на страв. 🚨
Кога тој на Илинден ја изедначува борбата на Ванчо Михајлов со АСНОМ, тогаш е кристално јасно за каков политички проект станува збор. ❗
🇲🇰 Македонскиот народ отсекогаш бил слободарски и антифашистички настроен.
✊ Нема да дозволиме годините на темнина да се вратат.
🇲🇰🇪🇺 Граѓаните сакаат слободна, просперитетна, демократска и европска држава.
Држава во која младите ќе сакаат да останат а не слепо црево на Балканот, изолирана, отруена и водена од една криминална организација и од еден диктатор во обид, кој се управува однадвор. ⚠️

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖