Background

Трамп потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини.

Со уредбата се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено.

– Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот стандард за вакцинација на децата, кои опфаќаат само 11 основни вакцини против најсериозните и најопасните болести, плус ММР, која, се надеваме, ќе биде поделена. Америка препорачуваше повеќе вакцини за децата од која било споредлива земја, па дури и двојно повеќе дози од некои европски земји- изјави Трамп за време на церемонијата на потпишување во Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, долгогодишен критичар на вакцините, беше предводник на напорите за укинување на универзалната препорака за вакцинација на децата против хепатит Б и за намалување на списокот препорачани вакцини, повикувајќи се на поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

Кенеди во јануари од американската програма за вакцинација отстрани вакцини против шест од вкупно 17 болести, но Федерален суд ја оспори таа одлука.

Извршната уредба на Трамп предвидува федералната влада во иднина да поддржува само 11 преостанати вакцини. Во извршната уредба се наведува дека со неа се потврдуваат измените иницирани од Кенеди, независно што судската постапка сѐ уште е во тек.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation