Background

26 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО, НО НИТУ ЕДЕН НЕ Е АКТИВЕН

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, но состојбата утрово е стабилна. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 7:30 часот нема активни пожари, 25 се целосно изгаснати, а еден пожар останува под контрола.

Единствениот пожар кој сè уште се следи е во Општина Крива Паланка, на излезот од градот, во близина на депонијата. Пожарот е ставен под контрола и нема информации дека во моментов претставува непосредна опасност за населени места.

Во Скопскиот регион, пожарникарите интервенирале на повеќе локации. Во Горно Лисиче гореле дрва, додека во Грчец бил зафатен дел со ниска вегетација, а во Љубин горело ѓубре. Пожар бил пријавен и покрај автопатот Скопје–Велес, кај бензинската станица „Макпетрол“, каде што горела ниска вегетација.

- Advertisement -
Ad image

Во Карпош и Кисела Вода интервенциите биле на урбани локации. На улицата Никола Тесла горело дрво, а на улицата Иван Козаров бил пријавен пожар во отпад.

Пожари имало и во Пелагонискиот регион. Кај Езерцето во Букри, Општина Новаци, горела ниска вегетација, додека во Новите градски гробишта во Прилеп бил пријавен пожар на ниска вегетација. Кај Плетвар пожарот зафатил патничко возило и ниска вегетација. Во Општина Ресен, во селото Златари, горела депонија.

На југот и југоистокот на земјата, интервенции имало во Турново, Општина Босилово, каде горело стрниште, како и во Струмица, зад складот на ПШС „Беласица“, каде бил зафатен простор со ниска вегетација.

Во Струшко, пожарникарите гаснеле пожар во дива депонија во Радолишта, како и пожар во ниска вегетација во Мислешево. Во Кичевско биле регистрирани два пожари на стрништа – во близина на Турските гробишта и во селото Црвици.

Пожари на стрништа биле регистрирани и во атарот на селото Грдовци во Општина Кочани. Во Старо Нагоричане, во селото Коинце, пожарот зафатил ниска вегетација, дрвја и патничко возило.

Во Кумановско, пожарникарите интервенирале во селото Градиште и на улицата Средорек, каде што горело ѓубре.

На западот и северозападот од земјата, во Гостиварско биле изгаснати два пожари – во селото Симница, каде што гореле ниска вегетација, грмушки и стрништа, и во Горна Бањица, каде бил зафатен простор со ниска вегетација.

Интервенции имало и во Полошкиот регион. Во атарот на селото Пршовце, Општина Теарце, горело ѓубре, додека меѓу селата Фалише и Стримница во Тетовско бил зафатен простор со ниска вегетација. Во населбата Деребој во Тетово пожарот избувнал на депонија.

Од ЦУК не пријавуваат активни пожари до 7:30 часот. Сепак, со оглед на високите температури и сувата вегетација, надлежните апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при користење оган на отворен простор и да не палат отпад, стрништа или сува трева.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation