Израел го отфрла мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа од 15 точки и нема да се повлече од Газа сè додека палестинската милитантна група Хамас не биде целосно разоружана, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој истакна дека Израел ја отфрла мапата на патот за разоружување на Појасот Газа предложена од Одборот за мир, со што официјално го отфрла предлогот поддржан од САД, објави „Тајмс оф Израел“.
– Сакам да го разјаснам ова. Израел го отфрла тој документ од 15 точки – рече Нетанјаху на почетокот на редовниот состанок на кабинетот, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху нагласи дека израелската армија нема да се повлече сè додека Хамас не биде разоружан.
– И кога велам дека Хамас мора да биде разоружан, мислам на тешко оружје, лесно оружје – сето оружје. И зборуваме за вистинско разоружување, а не за фиктивно – рече Нетанјаху.
Тој рече дека израелската армија ќе продолжи да ги потиснува заканите насочени против Израел.
Нетанјаху повтори дека никогаш нема да прифати палестинска држава во Појасот Газа или на окупираниот Западен Брег.
Иницијативата на Одборот за мир, поддржана од САД, се стреми да постигне напредок во својот постконфликтен план за Појасот Газа, план што Хамас го прифати.
Израелските власти тврдат дека Хамас го злоупотребува процесот за да спречи понатамошни израелски воени дејствија.
Израелскиот кабинет за безбедност го одобри влезот на меѓународните сили за стабилизација во Појасот Газа за разоружување на Хамас и преземање контрола врз територијата, а високи израелски функционери и министри јавно го повикаа Нетанјаху отворено да изјави дека нема да се придржува до условите на планот, кој повикува на повлекување на Израелските одбранбени сили (ИДФ) од Појасот Газа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
