Background

ПРОФ. Д-Р БЕНЕДИКТЕР И Г.Г СТЕФАН ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА И ПОВЕЛБАТА ЗА ХУМАНИЗАМ

Денеска кога се поклонуваме во чест на Св. Климент Охридски  во куќата на Уранија се одржа  свечена церемонија  на која се одбележаа 35 години од формирањето на Охридската Академија на хуманизмот. Пред државниот врв, ехцеленции и светската културна елита   беа доделени  Светската награда за хуманизам на проф. д- р  Кристоф Бенедиктер  и Повелбата на хуманизмот  на Архиепископот  Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод 40 години од неговото замонашување.

Пред присутните  се обрати градоначалникот Кирил Пецаков кој ги врачи високите награди на годинашните добитници.

 

- Advertisement -
Ad image

– Има ретки места  во  Светот каде што историјата, духот и природата се толку длабоко испреплетени што самиот камен и езерото зборуваат за вечноста. Охрид – нашиот свет град со векови е лулка на словенската писменост, култура и духовна светлина. Уште од времето на Св. Климент Охридски  овој град е седиште на мисионери кои градат  мостови  меѓу луѓето,  тие го палат светилникот на знаењето како  вечен извор на човечноста.

Денес одбележуваме голем и значаен јубилеј – 35 години од формирањето на Охкридската академија на хуманизмот. Три и пол децении, оваа реномирана институција неуморно ја чува, негува и надградува идејата дека хуманизмот не е само апстрактен филозофски концепт, туку жива насушна потреба за опстанок и напредок на човештвото.

Во Свет исполнет со брзи промени, глобални предизвици и немири, академијата постојано не потсетува на она што е најсуштински: сочувството, дијалогот, меѓусебното почитување и негувањето на доброто во човекот.

Токму во овој дух, вечерва кога го празнуваме и воздигнуваме името на Климент Охридски, имам особена чест и привилегија да ја врачам Светската награда за хуманизам  на д-р Кристоф Бенедиктер.

Неговиот долгогодишен научен, филозофски и општествен ангажман е сјаен пример  за тоа како вистинскиот интелектуален капацитет и знаење се ставаат во службаа на целото општество.

Со својата посветеност кон глобалната солидарност, етиката и општото добро, д-р  Бенедиктер дава непроценлив придонес кон зачувувањето и промоцијата на хуманистичките идеали во современиот свет.

Со ова високо признание д-р  Бенедиктер станува дел од плејадата истакнати светски мислители  и хуманисти чие име засекогаш е запишано во духовната мапа на Охрид.

Почитуван д-р Бенедиктер, Ви ја честитам Светската награда за хуманизам. Ви посакувам добро здравје и уште многу години инспиративна работа во ширењето на хуманистичката мисла.

За мене  е огромна чест и привилегија во името на сите наши сограѓани да ви ја врачам оваа општа Повелба по повод четири децении  од Вашето замонашување. Вашиот четридецениски духовен подвиг, истрајност и посветеност на црквата и народот  се духовен светилник и инспирација за сите нас. Ви посакувам добро здравје и уште многу години успешно да ја раководите нашата света  Македонска православна црква- Охридска архиепископија.

На Охридската академија на хуманизмот и го честитам 35 – годишниот јубилеј, со желба и во иднина да остане силен глас на разумот, мирот и човечноста што екна од  срцето на Охрид кон сите меридијани – подвлече Пецаков.

На настанот се обратија и Академик Катица Ќулавкова. Пригодно обраќање имаше и добитникот на повелбата Г.Г. Стефан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation