Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.
Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај.
„По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа“ објавија медиумите.
Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот почнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.
Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
