Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус.
Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 241 случај на инфекции на луѓе се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата.
Центарот соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 во Македонија, 6 во Романија, 4 во Франција, а еден случај е пријавен во Германија,
Кон крајот на минатиот месец, Светската здравствена организација (СЗО) повика на зголемена будност по неколкуте случаи на Западнонилска треска во Јужна Европа.
СЗО наведува дека вирусот Западен Нил вобичаено се пренесува меѓу комарци и птици. Меѓутоа, заразените комарци можат да каснат и луѓе и да ги инфицираат, најчесто во периодот помеѓу јули и септември.
Според германскиот Институт за контрола и превенција на болести „Роберт Кох“, повеќето луѓе кои се заразени не сфаќаат дека го имаат вирусот. Затоа, истражувачите претпоставуваат дека има голем број непријавени случаи.
Кај особено тешките случаи болеста може да влијае на нервниот систем, што доведува до состојби како што се енцефалитис и менингитис. Не постои ниту вакцина ниту противотров. Лекарите можат само да ги третираат симптомите.
СЗО им советува на патниците да го намалат ризикот од каснувања од комарци со носење соодветна облека и со користење масти и спрејови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
