Откако фотографиите од последните концерти и јавни појавувања повторно поттикнаа дебата за нејзиниот изглед, британските и американските медиуми објавија дека семејството на Ариана Гранде подолго време е загрижено за нејзината состојба. Според анонимен извор близок до семејството, најблиските „ја молеле да застане“ затоа што сметале дека премногу се исцрпува и дека повеќе не изгледа среќно.
– Таа не е добро. Ја молевме да направи пауза, но таа не сакаше да ги разочара луѓето околу себе – тврди изворот, додавајќи дека семејството било загрижено бидејќи Ариана наводно не спиела доволно, прескокнувала оброци и работела без речиси никаков одмор. Сепак, овие информации не се официјално потврдени и се темелат исклучиво на изјави на анонимни извори.
Од друга страна, претставникот на Ариана Гранде ги отфрли шпекулациите дека пејачката се повлекува поради здравствени проблеми. Според него, паузата по завршувањето на турнејата „Eternal Sunshine“ била планирана многу порано и претставува заслужен одмор по неколку исклучително напорни години, во кои Ариана истовремено снимаше музика, работеше на филмовите „Wicked“ и одржа светска турнеја.
Луѓе блиски до пејачката за американските медиуми велат дека таа професионално ги исполнува сите обврски и дека успешно ги завршува концертите, иако признаваат дека темпото со кое работела било исклучително напорно. Според нив, Ариана едноставно сака да одвои време за себе, за семејството и за закрепнување по долгиот период без вистински одмор.
Ова не е првпат јавноста да го коментира нејзиниот изглед. Уште во 2023 година Ариана јавно апелираше луѓето да престанат да ги анализираат туѓите тела, објаснувајќи дека не може да се процени нечие здравје само според изгледот. Тогаш откри дека периодот кога многумина сметале дека изгледала „поздраво“ всушност бил еден од најтешките во нејзиниот живот.
Иако шпекулациите продолжуваат, засега нема официјална потврда дека Ариана Гранде има здравствен проблем. Единствено што е сигурно е дека по завршувањето на турнејата ќе направи подолга пауза од јавните настапи, додека нејзините обожаватели се надеваат дека времето надвор од рефлекторите ќе ѝ помогне целосно да се одмори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
