Background

Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред

Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria).

Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени 40,1°C, во вторник исто така таму 41°C, а во среда во Бад Дојч-Алтенбург 41,2°C.

Вкупно во 27 мерни станици на „Геосфера“ вчера беа поставени нови апсолутни температурни рекорди за соодветните места.

- Advertisement -
Ad image

Највисоката температура надвор од Виена, Долна Австрија и Бургенланд беше измерена во Санкт Андре, Корушка (38,9°C), што исто така претставува нов апсолутен рекорд за оваа мерна станица.

Изминатите денови, најмногу во североисточниот дел на Австрија, повеќепати е регистрирана и зголемена концентрација на озон. И вчера во голем дел од алпската земја беа измерени покачени нивоа, што може дополнително да го зголеми оптоварувањето врз организмот предизвикано од екстремните жештини.

Според „Геосфера“, приземниот озон претставува зголемен ризик за здравјето најмногу за децата, постарите лица, луѓето со заболувања на дишните патишта, како и за сите кои вршат физичка активност на отворено.

Се очекува пикот на топлотниот бран веќе да е поминат. Според прогнозата на „Геосфера“, денешниот ден ќе почне со нов бран екстремни жештини во источниот дел на Австрија, но попладне се очекува разладување придружено со врнежи од дожд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation