На самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија, се наоѓа Елитниот Комплекс Мизо, вистинска оаза за сите гости кои сакаат спој на комфор, природа и врвно гостопримство.
Комплексот располага со хотел со 36 соби, три депанданси со вкупно 73 соби и 10 прекрасно уредени вили, така што секој гостин може да го најде совршениот тип на сместување според своите потреби.
Гостите на располагање имаат отворен базен со поглед кон езерото, приватна плажа, сопствена марина, ресторан со богата понуда и спортски терени за тенис, ракомет, кошарка и мал фудбал, идеални и за спортски екипи кои сакаат да одржат тренинг во природа, но и за гостите кои сакаат активен одмор.
Собите се модерно и стилски уредени, со удобни кревети, климатизација, ТВ и целосна опрема за пријатен престој, додека рестораторската понуда во комплексот вклучува богат бифе со свежи салати, разновидни главни јадења, домашни специјалитети и слатки десерти, подготвени секојдневно за гостите.
Елитно катче за вашите свечености
Рестораторскиот дел на Комплексот Мизо претставува вистинско елитно катче за организирање на венчавки, прослави и други свеченост со капацитет за прием на до 550 гости. Просторот, со летна тераса на брегот на езерото, нуди можност за прилагодување и за деловни настани, состаноци, конференции и семинари, со комбинација на елеганција, простор и незаборавна атмосфера крај водата.
Сопствениот приватен паркинг му дава дополнителна сигурност на секое возило, а близината до плажата и до центарот на градот го прави Елитниот Комплекс Мизо идеална база за истражување на убавините на Охрид и Охридското Езеро.
Без разлика дали барате семеен одмор, романтичен бег од секојдневието, елитна прослава на важен настан или спортска подготовка во природа, Комплексот Мизо нуди сместување, храна и амбиент за секој вкус.


Tagged as:
базен вили депанданс Комплекс Мизо одмор охрид охридско езеро плажа ресторан Хотел
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
