СДСМ: Владата (криминалната група ВМРО) повторно лаже – водата не е земена на тендер, туку со спогодба
Владата (криминалната група ВМРО) повторно лаже – водата не е земена на тендер, туку со спогодба


Владата денеска „демантира“ и тврди дека водата од „Кожувчанка“ за Гостивар била набавена на тендер.

Лажат.
Во самиот договор пишува црно на бело

„постапка со преговарање без објавување оглас“.
И тоа со фирма чијшто градоначалник е нивен човек, член на Извршниот одбор, поранешен потпретседател.

Водата не е бесплатна. Парите се на граѓаните – не на Ивица Томовски, ниту на неговиот „татко“ (според ДЗР).

Секоја набавка со јавни пари е јавна набавка. Оваа ја направија без оглас – со преговарање. И одлучија да преговараат токму со свој човек.

Граѓаните поради нив немаат чиста вода за пиење. Ама сепак не компензираат со пиење нафта.
Сега во паника менуваат хартии, затоа што знаат дека граѓаните се веќе на работ со трпението поради ситуацијата во Гостивар.

Мицкоски и екипата од криминалната организација прават пари на труењето на граѓаните на Гостивар.
Тоа е таа организирана криминална група.