Background

Во преубавиот амбиент на Селце успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Хрватска

Во преубавиот амбиент на Селце успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Хрватска, соопшти Заедницата на Македонците во Република Хрватска.

Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на хрватското Министерство за наука, образование и млади, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации.

„На школата учествуваа ученици од сите краеви на Хрватска – Загреб, Осијек, Задар, Риека, Дуго Село и Света Недела. Со образовна, уметничка и спортска програма, од „Бушава азбука“ до македонски фолклор, во текот на еднонеделниот престој учениците беа дел од богата програма во која учеа низ креативност и забава. Пред сè учеа јазик и писмо: во ритамот на македонскиот мелос, учениците ги надополнуваа своите знаења за македонската азбука“, соопшти Заедницата на Македонците во Република Хрватска.

- Advertisement -
Ad image

Посебно внимание, се додава во соопштението, беше посветено на култната емисија „Бушава азбука“ и нејзиното значење во описменувањето на многу генерации, а учениците ги изработуваа почетните букви од своите имиња од глиномол.

Фото: Заедница на Македонците во Република Хрватска

„На Школата имаше и ликовни и едукативни работилници: под раководство на наставничката Наталија Лековска се раѓаа уметнички дела инспирирани од убавините на Македонија, а беше реализирана и посебната ликовна работилница „Патот на македонскиот денар“. На часовите по историја и легенди, младите се запознаа со легендите за природниот феномен Куклици и древниот град Кратово, сместен во еден од најстарите вулкански кратери во Европа. Посебен момент беше испраќањето порака за мир во водите на Јадранското Море – порака која со голема доверба ја додели познатиот уметник Живко Поповски Цветин за време на Струшките вечери на поезијата. А составен дел од Школата беа и часовите по спорт и фокус: спортскиот дух се градеше преку карате тренинзите под водство на карате мајсторот Стефан Цветановски, фокусирани на концентрација, баланс и фокус, проследени со игри во морето и заедничка прослава на 5 родендени“, соопшти македонската заедница во Хрватска.

Круна на школата беше Свечената академија на која беа доделени дипломи за сите учесници, се додава во соопштението.

„Учениците се претставија со свои игрокази, а за дел од нив ова беше прв јавен настап. Програмата беше збогатена со гостување на МКД Илинден од Риека. Друштвото се претстави со своите секции, а водителката Ивона Дуновски која беше водител на фолклорните работилници, имаше кратко предавање за македонските носии, нивното значење и важност, по што следуваше мала, но богата ревија на народни носии. Програмата заврши со формирање на најголемото и најшареното македонско оро, исполнето со насмевки и гордост“, соопшти Заедницата.

Повеќето ученици беа од прво до четврто одделение и за многумина ова беше прво одвојување од своите семејства, а сите беа среќни, љубопитни и креативни.

„Од голема важност во иднина е да се информираат што повеќе родители и ученици кои сè уште не се вклучени во редовната настава, за да дознаат дека имаат право да бидат дел и од самата Летна школа, но и од редовната настава која се изведува во основните и средни училишта во Република Хрватска. Преку пријателство и заеднички искуства, младите од македонската заедница го зајакнуваат својот идентитет и гордост кон земјата од која имаат корени. Имаме и позитивни примери каде што и останатите ученици сакаат да го учат македонскиот јазик, да ја запознаат македонската култура и многу често стануваат чувари и горди амбасадори на македонскиот јазик и традиција ширум светот, заедно со нашите наследници“, соопшти Заедницата на Македонците во Република Хрватска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation