Background

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО НОВИ НАПАДИ НА ИРАН

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови воени напади врз Иран, велејќи дека САД ќе продолжат со нападите сè додека Техеран не се согласи на она што тој го нарече значајни преговори. Во исто време, Вашингтон го засилува притисокот за повторно отворање на Ормускиот Проток, додека тензиите растат низ Блискиот Исток.

Зборувајќи со новинарите за време на состанокот со членовите на неговата администрација во претседателскиот одморалиште Кемп Дејвид во државата Мериленд, Трамп рече дека САД сакаат да „победат“ во конфликтот со Иран и наговести дека американската воена акција ќе потрае.

– Ќе го удриме Иран многу силно сè додека не можат повеќе да издржат – рече Трамп.

- Advertisement -
Ad image

На прашањето на новинар дали постои можност за обновување на дипломатијата, тој одговори:

– Мислам дека само сакаме да победиме.

Според  Си-Би-Ес њуз , кој контактирал повеќе извори  САД и Израел планираат жестоко бомбардирање на  енергетската инфраструктура на Иран, а нападите би можеле да започнат уште овој викенд.

Била разгледувана можноста за прекин на операцијата пред отворањето на финансиските пазари во понеделник, поради загриженоста за можното влијание на бомбардирањето врз американската и глобалната економија, но конечниот временски рок сè уште не е утврден.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, медиумот  изјави:

-Како што претседателот Трамп рече на денешниот состанок на кабинетот, САД ќе победат и Иран нема да има нуклеарно оружје додека тој е претседател.

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, нагласи дека Министерството за одбрана нема да коментира за можни цели пред претседателот да донесе конечна одлука.

-Министерството за војна е целосно подготвено и способно да ги извршува наредбите на претседателот во секое време- рече Парнел во соопштение за медиумите.

Неколку часови подоцна, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го обвини Техеран за кршење на меморандумот за прекин на огнот што го потпиша со САД минатиот месец.

„Иран го прекрши договорот, нападна комерцијални бродови и уби американски војници. Претседателот Трамп нема да стои настрана и да дозволи ваков вид терористичко однесување. Иран ќе продолжи да ја плаќа цената сè додека не дојде на преговарачката маса на начин што претседателот го смета за сериозен – рече Ливит.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент издаде нови безбедносни предупредувања за американските граѓани во десет земји на Блискиот Исток поради влошувањето на безбедносната состојба и зголемените тензии со Иран.

Предупредувањата се однесуваат на Бахреин, Израел, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. На американските граѓани им беше советувано да бидат особено внимателни, да го следат развојот на безбедносната состојба и да се подготват за можни откажувања на летови, привремено затворање на воздушниот простор и други прекини во патувањето.

Изјавите на Трамп дојдоа во време на нови инциденти во регионот. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана пресретнала ирански беспилотни летала кои, според властите, биле насочени кон витални објекти, додека еден танкер бил оштетен во Ормускиот Проток.

Израел, пак,  започна интензивни воздушни напади врз Појасот Газа откако Хамас се согласи на процесот на разоружување, што дополнително ја зголеми нестабилноста во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation