Охридската полиција во Авто Камп Градиште кај Охрид, преку полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, лиши од слобода едно лице означено со иницијалите В.С.(39) од Скопје.
При претрес во камп приколката и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети.
По целосното документирање на настанот, против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицето подолг временски период било предмет на опсервација од страна на полициски службеници на плажата Џангал Бич, каде што пред само една недела полициски службеници затекнале група малолетници на кои им се служел алкохол, но не било само алкохол.
Tagged as:
Градиште дрога криминал малолетници марихуана охрид полиција свр охрид Џангал Бич
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
