Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран.

