Background

Во Полициската академија во Идризово денеска свечено беа промовирани 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025/2026, кои по завршувањето на обуката дадоа свечена заклетва и официјално станаа дел од Министерството за внатрешни работи

Во Полициската академија во Идризово денеска свечено беа промовирани 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025/2026, кои по завршувањето на обуката дадоа свечена заклетва и официјално станаа дел од Министерството за внатрешни работи.

На свеченоста, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски им порача на новите полицајци дека носењето на униформата не претставува само професионална обврска, туку и голема чест и одговорност кон граѓаните.

– Со денешната заклетва не добивате само работно место, туку преземате голема одговорност и чест да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и безбедноста – истакна Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласи дека полициската професија бара многу повеќе од исполнување на службените задачи и дека таа е животен избор кој подразбира храброст, чесност, смиреност и човечност.

– Полициската професија не завршува со истекот на работното време. Таа бара постојана посветеност и одговорност пред граѓаните – порача министерот.

Тошковски посочи дека силните институции се основа за стабилна држава, а безбедноста е предуслов за економски развој, правна сигурност и подобар квалитет на живот.

Тој информираше дека Министерството за внатрешни работи продолжува со процесот на модернизација на полицијата преку реконструкција и изградба на полициски објекти, набавка на нова опрема и возила, подобрување на условите за работа и дигитализација на услугите.

– Македонија денес има најнизок криминалитет во последните 20 години. Тоа е резултат на посветената работа на полициските службеници, но и на реформите и модернизацијата што ги спроведуваме – рече Тошковски.

Министерот додаде дека новата генерација за време на обуката покажала висок степен на дисциплина и професионалност, а процесот за првпат се реализирал во целосно обновени услови.

Тој посочи дека Центарот за обука во Идризово прераснува во Полициска академија со меѓународна акредитација.

Помошник-министерот на Полициската академија, Влатко Митковски, истакна дека ова е првата генерација обучена според новиот модел на основна полициска обука, која се реализирала преку три специјализирани модули – општа надлежност и сообраќај, гранични работи и специјални полициски операции.

Тој нагласи дека кандидатите, покрај професионалните знаења, покажале и општествена одговорност преку учество во хуманитарни акции, донации и крводарителски активности.

– Полициската униформа не е само службено обележје, туку симбол на доверба. Таа доверба се заслужува секој ден со професионално, законито и достоинствено постапување – порача Митковски.

На свечената промоција присуствуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници на Министерството за внатрешни работи и Полициската академија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation