Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во вестите на Канал 5 истакна дека владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои, како што оцени, биле лошо поставени од претходната влада. Тој нагласи дека целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес.
Муцунски посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на Европската Унија, со европските институции и со Бугарија. Сепак, сè уште не е постигнато решение што би било прифатливо.
– Клучно е да има предвидливост во процесот на интеграција. Уште еднаш нагласувам дека апсолутно не сме подготвени да разговараме за прашања поврзани со идентитетот и историјата. Додека оваа Влада ја води државата, националните позиции ќе бидат пред сè и над сè, а истовремено ќе продолжиме да работиме на внатрешните реформи – истакна Муцунски.
Во однос на моделот на постепена интеграција, тој оцени дека е очигледно оти ќе се работи на негово менување, со можност земјите кандидати да добијат повеќе права и пристап до повеќе европски фондови.
– Најзначајно за нас е постепената интеграција да се одвива паралелно со пристапниот процес и крајната цел секогаш да остане полноправното членство во Европската Унија – нагласи министерот.
Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски посочи дека европските претставници Антонио Кошта, Каја Калас и Марта Кос ја потврдиле посветеноста на Владата кон европските реформи, за што, според него, сведочат и средствата добиени преку Планот за раст.
Тој додаде дека надворешната политика на државата е целосно усогласена со Европската Унија, а активностите во рамките на мултилатералните организации уште еднаш го потврдуваат стратешкиот правец на земјата.
– Реформите се во интерес на граѓаните и на деловната заедница, но истовремено нè прават покредибилен актер на патот кон Европската Унија. Не станува збор за субјективно мислење – сите параметри покажуваат дека сме најдобри во регионот во исполнувањето на реформите – рече Муцунски.
Според него, државата не треба да се фокусира на термините што ѝ се поставуваат, туку да биде објективно најдобра според мерливите критериуми и преку дела да ја докажува својата реформска посветеност.
– Мораме да направиме сè што е потребно од наша страна и тоа да го покажуваме не само со зборови, туку и со дела, како што го правиме преку Реформската агенда. Не треба да се чека до недоглед, но го немаме луксузот да прифатиме сè по секоја цена, како што беше направено во минатото, и по одреден период повторно да ја водиме истата дебата што ја водиме денес – нагласи тој.
Муцунски упати критики и до опозицијата, посочувајќи дека таа секојдневно зборува за европската интеграција, но ги блокира законите во Собранието кога треба практично да ги поддржи реформите.
– Да го предадете сопствениот народ само за да им бидете допадливи на неколку колеги од меѓународната заедница е најголемиот политички грев што можете да го направите – порача Муцунски.
Tagged as:
опозицијата го направила наголемиот политички грев Според Муцунски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
