Кристијано Роналдо и Георгина Родригез наводно подготвуваат посебен настан кој би можел да ја круниса нивната долгогодишна врска.
Според информациите на португалските медиуми, славниот фудбалер и неговата партнерка во сабота ќе направат голем чекор во нивниот заеднички живот. Иако веста сè уште не е официјално потврдена, ниту Роналдо ниту Георгина не ја демантирале.
Наводно, Георгина сакала прославата да биде далеку од очите на јавноста, со ограничен број гости и без голем медиумски спектакл. Сепак, поради популарноста на парот, интересот за настанот е огромен.
И покрај желбата за приватност, веќе се појавија информации за дел од можните гости. Од фудбалскиот свет се споменуваат имиња како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго од Реал Мадрид, иако тие не биле соиграчи на Роналдо за време на неговиот последен период во „кралскиот клуб“.
Сè уште нема информации дали на прославата ќе присуствуваат негови актуелни соиграчи од Ал Наср.
Освен спортски ѕвезди, во јавноста се шпекулира и со присуство на бројни светски познати личности, меѓу кои Вин Дизел, Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк, Хабиб Нурмагомедов и Пирс Морган.
Роналдо и Георгина се заедно од 2016 година. Нивната љубовна приказна започна во продавница за луксузна облека во Мадрид, каде што Георгина тогаш работела како продавачка. Оттогаш, таа стана една од најпознатите личности во светот, а парот заедно има две деца, додека Георгина е мајка и на уште три деца од претходните врски на фудбалерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
